Vortex a bladeless wind turbine that looks like asparagus

Технологијата на ветерници е прилично едноставна, барем за смислување. Имате висока платформа, на која е поставен генератор, кој пак е врзан со турбина придвижувана од ветерот. Кога турбината врти, генераторот создава струја. Прилично еколошки начин на произведување електрична енергија од нешто што и така останува неупотребено – енергијата на ветрот.

Очигледно дека инженерите ширум светот не застануваат на овој дизајн, па работат и на други кои можат да донесат одредени подобрувања во однос на традиционалните ветерници. Во таа смисла беше претставена и ветерницата на Vortex Bladeless, компанија која доаѓа од Шпанија и која ветува револуција во оваа технологија. Според нив, дизајнот на ветерница кои го предложуваат и развиваат ги има следниве подобрувања во однос на традиционалните: 53% поевтини трошоци за производство; 51% помали оперативни трошоци; 80% помали трошоци за одржување; 40% намалување на глобалниот трошок за произведување на енергија (!); и, 40% намалување на испуштањето стаклени гасови во околината.

Инаку, нивната ветерница работи без подвижни делови, па затоа нема потреба од нивно поправање, како и дополнителни работи како подмачкувачи, на пример. Практично, нивниот дизајн го користи создавањето на осцилации позади објект кога удира воздух во него. Ефектот се одразува во осцилирачка комбинација од џебови на помал и поголем воздушен притисок – кој тие го користат за создавање на електрична енергија. Нивниот дизајн веќе го тестирале во комора, a моментално работат на поголеми примероци за тестирање во вистински, природни услови.

Мора да додадеме дека ваквите информации кои се дотапни на нивната Интернет страница изгледаат помалку како да се предобри за да бидат вистинити, но останува да видиме дали ќе успеат да го остварат тоа што го ветуваат. Тие велат дека ќе објават Kickstarter кампања на 1 Јуни 2015 година, па ќе можете да ги поддржите во нивната агенда за револуционизирање на технологијата на ветерници.

Извор: IFLScience, Vortex Bladeless

Претходна статијаМакедонско ИоТ решение интересно и за американскиот пазар
Следна статијаAdBlock Plus со сопствен прелистувач за Android