Дали знаете дека секоја година уличното осветление во Европа генерира емисии на CO2 исто колку што би генерирале 20 милиони автомобили, но тоа не е единствен проблем. Само за улично осветлување на годишно ниво се издвојуваат преку десетици милијарди евра, што претставува огромен трошок. А сега замислете да постои систем за надворешно улично осветлување кое ќе реагира во зависност од протокот на луѓе и нема постојано да работи.

Ова не е никаков новитет, бидејќи вакво интелегентно осветление веќе подолго време постои и ваков паметен систем за осветлување е инсталиран на многу места ширум светот, но ретко на улиците.

Tvilight е паметен систем за улично осветлување кој нивото на светлина го нагодува во зависност од присуството на луѓе, автомобили и велосипеди. Создаден е од страна на холандскиот дизајнер Chintan Shah во времето додека студирал на универзитетот Delft во Холандија.

tvilight-f

Овој систем е составен од регулирани улични светилки (пр. LED) и wireless сензорски модул кој овозможува контрола на осветлувањето врз основа на присутноста. Во нефреквентниот период од денот осветлувањето се изведува според претходно дефинирано ниво на осветленост. Со цел да се избегне непотребно осветлување развиена е и технологија со која се прави разлика помеѓу луѓе и мали животни.

При детекција на пешак, велосипед или автомобил, сите светла во непосредната близина се нагодуваат и создаваат целосно осветлување. Овој систем овозможува сигурност, но и големи заштеди. Оценката на Shah е дека со Tvilight може да се заштеди електрична енергија до 80%, да се намалат трошоците за одржување до 50 % и да се намалат емисиите на CO2.

tvilight-numbers

Неколку европски градови веќе имаат поставено интелегентни системи за надворешно осветлување како што се Гетеборг во Шведска, Лион во Франција, Ајдховен во Холандија и тн. со главна цел за заштеда на електрична енергија и подолг животен век од стандардното улично осветлување.

Претходна статијаMicrosoft тајно плаќа за YouTube видеа каде се спомнува Xbox One ?
Следна статијаSamsung Galaxy S5 ќе биде претставен на 23 Февруари ?