1494650474170509096

Веќе пишувавме за технологијата на водородни горивни ќелии и како таа може да придонесе за напуштање на фосилните горива кои загадуваат и полека ги снемува. Големите светски производители на автомобили го фаќаат и овој бран покрај оној на електричните автомобили, па дури и ги спојуваат. За таков концепт на Honda пишувавме пред некое време, а сега на ред е Toyota.

1494650474319428392

Впрочем, и за концептот на Toyota наречен FCV пишувавме пред една година. Тогаш беше само во најава, но сега веќе на пазарот доаѓа овој производ. Се работи за електрично возило кое енергијата ја добива во главно од водородни горивни ќелии. Ќелиите се сместени меѓу тркалата (кои пак имаат по еден електромотор) и со хемиска реакција на водородот се ослободува електрична енергија од околу 100 киловати, што ќе биде доволно за достигнување брзина од 100 км/ч за 10 секунди.

Toyota посветиле внимание и на дизајнот, па ова возило (кое малку потсеќа на нивниот Yaris) е со доминантно-сини и светли бои (веројатно да се потенцира употребата на водород, неговата екологичност и претворање во вода на крајот од реакцијата). Во секој случај не изгледа премногу чудно, но нема да можете да ги избегнете забезекнатите изрази на лицата ако го провозите ова плаво чудо низ Скопје.

1494650474271320360

Тоа што е дополнителен одличен додаток на целиот концепт е можноста да се користи горивната ќелија со резервата на водород во возилото или однадвор за да се напојува целиот дом! Во основа, ќе го приклучите возилото на внатрешната електрична мрежа и тоа ќе дава доволно енергија за вашите потреби, секако ако имате резерва на водород. Одлична идеја (видена и во концептот на Honda погоре).

Поради паметното сместување на ќелијата и резервоарот (меѓу предните тркала и назад во багажникот) FCV Plus има поголем простор за патниците иако е по некои стандарди малечко возило. За жал, водородната инфраструктура е скоро катастрофална во моментот дури и во развиени индустриски земји, па прашање на време е кога овој концепт ќе биде навистина исплатлив.

Додуша, ако купите вакво возило секогаш ќе можете да создавате водород преку врзување на фотоволтаична ќелија за електроди кои ќе прават електролиза на водата. Само ви даваме идеи. Еве уште една идеја: не го палете водородот кој сте го собрале.

FCV Plus ќе бидат наскоро достапни на пазарот, па можеби ќе сакате да си купите едно.

Извор: Jalopnik, Autoblog, CNet

Претходна статијаMicrosoft работи на Surface Phone, како и нови „Лумии“ со Snapdragon 820
Следна статијаЛитиум-воздух батериите можна одлична замена за литиум-јонските