Tesla на Елон Маск изгледа никогаш не се задоволни од позитивното внимание кое го добиваат од светот по тивката, но стабилна револуција која ја започнаа преку создавање на достапни, одлични електрични автомобили.
Па затоа сега го покажаа својот најнов полнач за нивните автомобили. Инаку, полначот автоматски се витка за да се приклучи на „штекерот“ и за да ја полни батеријата на вашиот Tesla автомобил. Работата е што ваквото виткање е прилично језиво и подсеќа на разни структури и „чудовишта“ од научнифантастични филмови.
Од друга страна ваквиот полнач е одлична идеја бидејќи секако дека не на секој електричен автомобил приклучокот за полнење ќе му биде на истата позиција. Со помош на роботизирана „рака“ може да се избегнат било какви проблеми кога би го полнеле, со тоа што само ќе го паркирате автомобилот до нејзе, а таа сама ќе си го најде патот и ќе заврши работа.
Полначот можете да го забележите во акција на следното видео:
Елон Маск уште во декември 2014 година го најави полначот преку твит кој гласеше: „Патем, навистина работиме на полнач кој се движи автоматски од ѕидот и се поврзува како цврста метална змија. Стварно (For realz; прев.)“. Со оглед на честото заложување на Маск за внимание околу синтетичката интелигенција, не знаеме колку е мудро да се создаваат автоматизирани роботски делчиња налик на змии кои еден ден би можеле да одлучат дека сакаат тие да ни бидат наши господари место обратно…