terrafugia-tf-x-1-0001-970x647-c

Возите по зафатените и не баш најдобро проектирани скопски улици, и се заглавувате во гужва. Па почнувате да се прашувате зошто не тргнавте по друг пат, или со велосипед. Или барем да можете да летнете над сите загужвани автомобили и нервозни возачи и да стигнете дома за 5 минути… Се чини дека за една деценија од сега ќе можете и тоа да го направите.

Имено, компанијата Terrafugia, основана во 2006 г. од дипломирани аеронаутичари на MIT, ги објави плановите за својот најнов проект – TF-X. Се работи за автомобил-авион кој ќе може да левитира, полетува вертикално и да лета скоро како нормален авион, а потоа автоматски да слета на назначени места. TF-X ќе биде хибридно електрично возило и ќе може да носи до 4 луѓе. Големината на возилото е колку стандардна кола, што значи ќе може да го паркирате во гаражата. Воедно, според Terrafugia, TF-X ќе се лета многу лесно и процесот на учење ќе трае само 5 часа.

Прототиповите кои се моментално достапни на Terrafugia се тестираат во MIT Wright Brothers воздушниот тунел за мерење на отпорноста и аеродинамичноста, ефикасноста на летањето, вертикалното полетување и слетување, транзиција во летање напред и летање напред. Според нив, се очекува TF-X да стане достапен за купување за 12 години од сега, што е прилично далечно време во иднината.

terrafugia-tf-x-1-0007-970x647-c

Се надеваме дека дотогаш инфраструктурата на патиштата ќе овозможува патување со летачки автомобили. На СмартПортал и предходно пишувавме за друг летачки автомобил, на AeroMobil (словачка компанија). Можеби оваа гранка на индустријата е една од тие кои ќе станат во жижата на вниманието во блиската иднина.

Извор: CNet, Autoblog, Digital Trends

Претходна статијаDell Latitude 12 – таблет направен за на бојното поле
Следна статијаКомпанија сака да ги претвори њујоршките канти за ѓубре во Интернет точки