Додека во нашите фантазии многу често е вклучено читање на мислите, тоа е секогаш како моќ на некој човек. Сепак, ние луѓето веројатно никогаш нема да може да прочитаме мисли, но затоа тоа ќе можат да го прават компјутерите – според научници од Карнеги Мелон Универзитетот оваа технологија е веќе способна за читање на сложени мисли, за разлика од досега.

Имено, досегашните системи за читање мисли не можеа реално да читаат мисли, туку да покажат одредени емоции со оглед на тоа кои делови од мозокот се активирани. Сепак, читањето на целосна мисла е многу посериозна задача – една обична реченица може да вклучува најразлични делови од мозокот и сложување на таа сложувалка се чини како невозможна.

Според научниците од Карнеги Мелон Универзитетот, човекот речениците ги спојува со концепти, а не со зборови и тоа е начинот на кој тие ќе можат да ги прочитаат мислите. Според тоа, независно од тоа кој јазик го зборуваат, сите луѓе ги смислуваат речениците и мислите на ист начин, преку правење на концепти за таа ситуација во мозокот.

Благодарение на ова откритие, тие можат да прочитаат посериозни мисли со fMRI скенирање на мозокот и со технологија со машинско учење, која може да ги научи начините на кои мозокот на човекот реагира при кажување на одредени реченици, за потоа истите да ги примени за читање на мислите за кога човекот не кажува ништо.

Нивниот алгоритам сега работи со 87% успешност, што е прилично висок процент. Тие го „тренирале“ алгоритмот со тоа што му давале да учи од 239 реченици и на 240-тата тој требало да го погоди резултатот. Со оваа технологија, научниците можеле дури и да активираат одредени делови од мозокот со цел да „вметнат“ мисли во човечкиот мозок.

Во иднина, научниците зад овој проект планираат да го развијат во насока на препознавање на темите на кои мисли човекот – во моментов тие можат да работат само на претходно зададени теми. Сепак, самото тоа што и во овој момент има технологија за читање на мислите, макар и ограничени, остава многу простор за напредок во иднината.

Извор: New Atlas, Science Daily, Daily Mail

Претходна статијаУредите од иднината се флексибилни, се напојуваат од топлината на телото и сами се поправаат
Следна статијаИзгор температури и сообраќајниот метеж

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.