Една од главните цели на компанијата SpaceX е да создадат ракета која може повторно да се употреби. Со повеќе вакви успешни обиди, тие сепак имаа неуспешното лансирање на Falcon 9 ракетата која што експлодира при самото лансирање во септември. Нивната упорност доведе до успешно лансирање, но и успешно слетување на Falcon 9 ракетата овој месец.
Плановите на компанијата да продолжат со лансирање во декември, се пролонгираа за јануари поради лоши временски услови. Времето измеѓу беше искористено за тестирање на сигурноста и безбедноста на нивните иновации. Лансирањето на Falcon 9 значеше и лансирање на 10 Iradium-1 NEXT сателити во орбитата. Токму затоа ова лансирање беше важно и за двете компании. Iradium-1 го направи првиот чекор кон поставување на 70 сателити кои ќе ја покријат земјината орбита.
Од друга страна важноста за SpaceX е огромна особено после септемврискиот инцидент, кој ја разниша самодовербата во оваа компанија. Ова сепак не е гаранција дека сите проблеми се разрешени и вратени во нормала. Во 2016 година SpaceX комплетира само 8 од планираните 20 лансирања, што значеше само продолжување проблемите од 2015 година каде што имаа загуба од 250 милиони долари.
Од тука зацртаниот датум за лансирање на Dragon капсула со чевечки екишаж, кој беше закажан за оваа година се одложи за 2018 година. Сепак лансирањето на оваа капсула без човечки екипаж се очекува да се изведе во последните три месеци од 2017 година.
Извор: TechCrunch, Engadget