CY98UCXUQAE_hmA.jpg large

Оваа недела Space X имаше уште една успешна мисија за носење на товар во орбитата на Земјата, меѓутоа за жал истата не заврши и со уште едно успешно вертикално слетување на платформа во океан, односно дрон брод. Ракетата повторно имаше проблеми во последните моменти од слетувањето, по што истата експлодира. Да потсетиме, главната цел е да ракетите можат да слетуваат на брод, со што дополнително ќе се намалат трошоците на вселенските мисии.

Се верува дека причината за неуспешното слетување е големата брзина која не била доволно намалена при слетувањето. Оваа мисија се одвивала во повисока орбита, па од таму и поголемата брзина на слетување на ракетата.

Со ова се прекинува серијата од неколку успешни слетувања, но може слободно да се каже дека и никој не очекуваше дека вакво нешто нема да се случи. Технологијата сепак е во развој и истата се тестира, па во оваа фаза се очекувани повеќе проблеми кои и треба да бидат решени со тестирањата.

Не е познато кога точно може да се очекува постигнување на целата, меѓутоа истата ќе овозможи многу поевтини вселенски летови во главно поради искористувањето на истата ракета во повеќе мисии.

Процесот на прилагодување на истата ракета повторно да лета во оваа фаза е прилично долг, па од Space X најавија дека за првпат ќе се обидат повторно да искористат една од ракетите кои успешно слетаа од крајот на оваа година.

Извор: TechCrunch, Gizmodo

Претходна статијаДоделени наградите од наградната игра на Верна картичките од Макпетрол
Следна статијаСлабост во телефонските мрежи овозможува „хакнување“ на Facebook сметките преку телефонскиот број на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.