Image converted using ifftoany

Изгледа дека потенцијалот на искористување на сончевата енергија е бесконечен и може да се распространи во многу различни типови на технологии. По нашиот неодамнешен натпис за концентрирана сончева енергија, сега IBM и младата компанија Airlight Energy презентираат дополнителен развиток на технологијата на фотоволтаици која може во исто време да произведе струја и чиста вода за пиење.

Имено, технологијата се базира на дизајн на огледала кои изгледаат како сончоглед и ја насочуваат сончевата светлина кон сончевите колектори во средината. Проблемот со ова е што материјалите употребени во фотоволтаиците се осетливи на преголеми температури и може да се стопат или расипат. Затоа IBM и Airlight Energy го предложуваат дизајнот каде солена вода од некое море би се носела до фотоволтаиците и би ги ладела.

Со самото тоа што топлотната енергија ќе се пренесе во водата, таа ќе пропатува до точна на ладна десоленизација без да користи пумпа, каде ќе се претвори во погодна за пиење (што е третиот најголем проблем на човештвото денес). На овој симбиотичен начин ќе се постигне поцелосно искористување на сончевата енергија.

На повидок сме на прекрасен напредок кон употребата на обновливата енергија особено од Сонцето.

Извор: Geek, Abll.info

Претходна статијаДубаи ќе ги опреми полицајците со Google Glass
Следна статијаПознатите HERE мапи достапни за Samsung Galaxy телефоните