Интересна, нова и корисна технологија доаѓа од научниците кои работат на проектот SOLAR-JET. Тие со помош на сончевата светлина, го претвораат јаглеродниот диоксид во керозин, кој потоа се користи за напојување на авионите. Со овој нов процес, не само што ќе се намалат штетните емисии на јаглероден диоксид, туку и ќе се реши проблемот со ограничените ресурси на горива.

solar-fuel

Dr. Andreas Sizmann, проект координаторот во Bauhaus Luftfahrt, вели дека со помош на соларен реактор и користење на метал оксидни материјали издржливи на високи температури, јаглеродниот диоксид и водата можат да се претворат во хидроген и јаглерод моноксид, односно да се добие синтетички гас. Потоа со помош на процесот Fischer–Tropsch, хидрогенот и јаглеродниот моноксид земени од синтетичкиот гас, се претвораат во керозин во течна форма. Процесот Fischer–Tropschе развиен во далечната 1925 година и на овој принцип се создава гориво за комерцијалните авиони веќе долго време, користен е низ целиот свет од страна на компании како Shell и сл.

solar-engine

Потребни се уште многу тестирања и истражувања за да се испита дали оваа нова технологија може да биде енергетски ефикасна и економски исплатлива. Досега, создадено е гориво во лабараторија со симулирана сончева светлина и следна фаза е да се најдат партнери за спроведување на овој проект и имплементирање на технологијата на повисоко ниво, посебно во индустријата.

Производството на течни хидројаглеродни горива користејќи фокусирана сончева светлина, може да придонесе за зголемување на енергетската сигурност, намалување на штетните емисии, но и почисти и поголеми количества на горива за автомобили, авиони и други средства за транспорт.

Претходна статијаСамоуправувачки автомобил од Volvo
Следна статијаMaxBet: Сервис за пресметка на добивката на вашиот тикет од спортските обложувалници