Компанијата Creator од САД ja отвори својата прва сендвичарница во која ќе продава бургери направени од свежи состојки, од страна на автоматизиран систем во кој не се вклучени луѓе, а ќе чинат 6 долари од бургер.

Како што истакнува основачот на компанијата Алекс, тој има работено во сендвичарница, па сакал да направи нешто различно. Целиот процес на спремање на бургерот е од страна на автоматизиран систем, па вработените во компанијата се тука само за одржување и помош, меѓутоа не и за директно правење на сендвичите.

Она што ја разликува оваа сендвичарница од останатите, покрај автоматизираниот систем на изработка, е нешто што е резултат токму на таа автоматизираност. Сендвичите се прават од целосно свежи состојки кои се спремаат или сецкаат во моментот кога е потребно да се направи бургер.

Тоа значи дека месото се сече и меле пред изработката на бургерот, зеленчукот не е предвреме исецкан, туку се сецка за време на правењето на сендвичот и слично.

Според авторот од TechCrunch бургерот е и навистина вкусен, па ќе му веруваме на него.

Оваа сендвичарница е првата која ќе служи и како еден вид на тест, односно за презентација на концептот. Првата официјална сендвичарница која ќе биде наменета за секојдневна масовна продажба ќе биде отворена во септември.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаНов патент од Samsung покажува што може да се очекува од идните Galaxy уреди
Следна статијаGalaxy Note 9 забележан на страната на FCC со што се потврдува приближувањето на неговото претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.