tricorder

Замислете преносен, безжичен уред во вашите раце кој ќе ја надгледува и дијагностицира вашата здравствена состојба. Ова е технологијата која ја предвидува Qualcomm Tricorder XPRIZE, конкурсот вреден 10 милиони долари. Целта е стимулирање на иновации и интеграција на прецизни дијагностички технологии кои ќе им помогнат на потрошувачите да направат своја дијагноза било кога и било каде.

Инспирацијата доаѓа од неопходната алатка на докторите во Star Trek универзумот – tricorder, рачниот уред опремен со сензори кој им дозволува на докторите да ги скенираат пациентите со неинвазивна метода и обезбедува инстантни резутати од крвта, виталните знаци и други тестови кои инаку би се изведувале со часови, па и со денови.

Според бараните карактеристики објавени со конкурсот, уредот треба да биде алатка способна да ги забележи главните здравствени метрики и да дијагностцира сет од 15 болести. Метриките може да вклучуваат елементи како крвен притисок, температура и респираторна стапка. Конечно уредот ќе собира голем волумен на податоци од тековните мерења преку комбинација од безжични сензори и преносни неинвазивни лабораториски замени.

Во задолжителните здравствени состојби кои мора да бидат дијагностицирани спаѓаат: анемија, хронично обструктивно белодробно заболување, дијабетис, хепатит А, пневмониа, туберколоза, мозочен удар и други.

Кон крајот на минатиот месец на почетната церемонија на IEEE интернационалната конференција за медицинско инженерство и биологија беа објавени 10те финалисти на овој натпревар.

Еден од тимовите финалисти CloudDX со седиште во Торонто развива ѓердан и манжетни кои мерат пулс, ехокардиограм (ЕКГ), температура, кислород во крвта и други витални знаци. Информациите можат да се испратат во истиот момент на таблет или пак да се зачуваат во cloud.

Clouddx-BIO-01-Assembly

Друг финалист е DMI, кој е партнерство од DNA медицинскиот институт, NASA, Националниот институт за здравје и фондацијата Melinda Gates. Тимот развил универзален сензор за крв кој интегрира широк спектар од медицински дијагностики во компактна преносна единица.

Тимот од Љубљана, МESI, чие мото е поедноставување на дијагностиката понуди мобилна апликација, алка и слушалки кои мерат температура, ЕКГ и кислород во крвта.

Во крајната рунда од натпреварот закажана за средината до крајот на 2015, тимовите ќе земат учество во процени на дијагностицирачкото искуство и ќе тестираат клиeнти.

Извор: Livescience, Qualcomm

Претходна статијаАеродинамично пенкало Pininfarina Cambiano кое може да пишува бесконечно
Следна статијаOneDrive сега поддржува фајлови со големина до 10 GB, побрза синхронизација и други нови функции