Иако ова изгледа како хорор сцена од некој НФ филм, не треба да се плашиме од префрлањето на мануелната работа во „рацете“ на роботи. Напротив, треба да ги следиме времињата и да ги носиме тие роботи каде што повеќе од секојдневните, досадни и несуштински задачи ќе ги извршуваат тие, за да можеме да се посветиме на суштинските проблеми и уживања во животот.
Неколку производители на роботи веќе работат активно на нивно оспособување при производство, пакување и транспорт. Веќе ни се познати сцени во фабрики за автомобили каде деловите се произведени и монтирани во главно од роботи, Амазон и други продавници подготвуваат беспилотни летала (дронови) за доставување на пратки, Гугл работи на автономен автомобил, а ИСИС се бомбардирани од воени дронови.
Но генералната популација, освен допир со по некоја автоматизирана правосмукалка или рампа за паркинг, нема голем допир со роботската технологија и нема добра идеја како би можела да ја искористи за своите потреби. Затоа некои производители, како Тајванскиот HIWIN Technologies Corporation почнуваат поагресивно да ги прикажуваат новите роботски технологии на обичниот свет. Еден таков приказ беше одржан претходниот месец во Тајван, каде што посетителите можеа да се запознаат со иднината на работната сила во светот.
Во прилог следи видео од овој саем:
Генералниот потрошувачки пазар е многу битен за развитокот на роботската технологија бидејќи од една страна ќе ги овозможи средствата за тој да го зголеми својот пробив кај просечниот човек, а од друга страна ќе овозможи контрола врз тоа какви роботи и со кои можности ќе бидат создадени од производителите. Инаку постои опасност оваа технологија да остане само во рацете на воените структури и кај произведувачите на големо, олеснувајќи ги само нивните активности.
Интересното е што роботите сè повеќе се стекнуваат со способноста да го заменуваат човекот во некои умешности кои се сметаат за „исклучиво човечки“, како што е свирењето инструменти. Така на пример, композицијата на Squarepusher ја има изведено еден роботски бенд Z Machines:
Извор: SeriousWonder, Telegraph