Моментално во светот ретко се наоѓаат автомобили на алтернативни горива, најмногу поради големата застапеност на електричните возила. Еден од ретките такви исклучоци е Quant 48Volt супер автомобилот кој вози на комбинација од позитивни и негативни електролитни течности. Оваа нова комбинација влева надеж за создавање на возила кои покрај тоа што не ја загадуваат околината, тие и нудат перформанси на вистински спортски автомобил.

Алтернативниот мотор на Quant 48Volt има моќност од цели 760 коњски сили. Овој мотор развива брзина од 0 до 100 километри на час за само 2,4 секунди. Максималната брзина која овој автомобил може да ја постигне е 300 километри на час. Еден од најинтересните факти поврзани со ова возило е километражата која што може да ја помине со едно полнење на резервоарот, која изнесува цели 1.000 километри, што е повеќе од електричните возила.

NanoFlowcell, компанијата која стои зад овој концепт, не дава конкретни одговори во врска со датумот на официјалното претставување ниту пак за цената за Quant 48Volt. Оваа компанија во 2015 година претстави концепт со мотор од 1.000 коњски сили наречен Quant F, но покрај претставувањето, речиси ништо друго не видовме од овој автомобил. Сепак вториот обид со Quant 48Volt е мноу пореален и се очекува да се реализира во целост. Се шпекулира дека ќе биде подготвен за производство во 2018 година.

Сепак постои уште еден проблем, а тоа е проблемот со полнењето на овие возила. Постоечките бензиски станици може да ги снабдат ваквите автомобили со алтернативни горива само ако воведат нова технологија. Може да се случи овие горива воопшто да не добијат шанса доколку се форсира инфраструктура за електричните возила во иднина.

Извор: Engadget, AutoBlog

Претходна статијаМодул 1 – Дали јасно ги артикулирате вашите идеи? (втор дел)
Следна статијаДеценискиот успех на ИТД Дистрибуција е производ на посветеност, труд и упорност