3d-590x330

Досегашните холограмски прикази кои ни биле прикажувани низ годините редовно се базираат на имање „екран“ т.е. некаква површина или супстанца (како прашина или водена пареа) од која се одбива холограмскиот зрак и светлината доаѓа до нашите очи.

Земајќи го тој факт предвид, јапонската компанија Aerial Burton ви подготви изненадување. Тие создадоа холограмски приказ кој работи и од „ништо“, во празен воздух. Тоа беше постигнато со користење на пулсен ласер кој ги јонизира молекулите на воздухот кои пак создаваат светлина која ја гледаме. Како што можете да забележите на видеото, ласерот е во можност да прикажува 3Д приказ и во реално време да го менува.

Според Aerial Burton, ваквиот приказ може да се искористи за помош на луѓе во вонредни ситуации, на пример, кога ќе снема струја. Системот би можел да им прикажува накаде да се движат за да излезат од некоја градба. Тој може да се вгради и на или во возило па да ви прикажува насоки дур возите. Резолуцијата засега не е импресивна, но за базично прикажување насоки е одлична.

Како што споменавме, ласерот е пулсен и инфрацрвен кој е насочуван од 3Д скенер. Работи на фреквенција од 1 кХц и на начин што ги јонизира молекулите на воздухот, кои пак испуштаат фотони (светлина). Јонизацијата трае многу кратко, па затоа ласерот мора цело време да пушта зрачење за да одржи слика. Дали сме на патот да го оствариме холограмскиот приказ од „Војна на звездите“?

Извор: Geek, Diginfo

Претходна статијаПредавања за меки вештини на ФИНКИ
Следна статијаLG официјално го лансираше Lancet