1447159391liuplant_ros_0

Дебатата околу кибернетизација на луѓето и трансхуманизмот е во главниот фокус, што не е ни чудно бидејќи ние луѓето често сакаме да се држиме себеси во центарот на збиднувањата. Сепак, постојат и други видови кои можат да бидат „кибернитизирани“, а еден од нив е ружата.

Имено, тим на научници од Линкупинг Универзитетот од Шведска успеа да го создадат првото електрично-надградено растение т.е. ружа. Пред да застанете со подзината уста, ќе ви објасниме на што точно се мисли. Научниците успеале да создадат цели системи на електрични спроводници, полуспроводници и транзистори, па и рудиментирани „екрани“ во растението.

Тие ова го постигнале преку користење на специјален тип на полимер наречен PEDOT-S кој го вбризгале во ксилемот, ткивото за транспорт на течност и минерални материи во растението. Полимерот се распоредил по ксилемот создавајќи спроводливи структури често подолги од 5 центиметри, а притоа способноста на растението да функционира нормално не била нарушена.

Со користење на друг тип на полимер од истата фамилија PEDOT кој го вбризгале кај вените на растението, научниците успеале да создадат рудиментиран екрански систем со кој можеле да ја менуваат бојата на растението од посветла зелена кон потемна преку праќање на електрохемиски сигнали.

На кратко, тимот успеал да го создаде првото растение киборг. Интеграцијата на технологијата со живиот свет е неизбежниот иден чекор во постигнување на следното цивилизационо ниво. Воедно, оваа интеграција ќе овозможи зголемување на процесорската моќност на живиот свет за неколку магнитуди поради дистрибуираноста на товарот за процесирање и фактот дека процесорските единици кои нема да мора да бидат сместени во „стандардно“ куќиште, ќе завземат секакви форми.

Извор: IFLScience

Претходна статијаMicrosoft во соработка со Volvo за револуционерна автомобилска технологија
Следна статијаЕве како новите Snapdragon процесори ќе го подобрат квалитетот на фотографиите и видеата кај смартфоните