volvo-otomobillere-microsoft-hololens-destegi_9010475-6357_1200x630

Microsoft и Volvo деновиве ја најавија својата соработка во полето на автомобилската технологија. Ова е своевиден тренд каде многу компании-гиганти го прошируваат портфолиото и се зафаќаат со области кои не се директно поврзани со нивната, да речеме „оригинална“ област на делување. Соработката меѓу овие две компании ќе биде во областа на дигитална комуникација меѓу возилата, дизајнирање и истражување на возила, развивање на автопилот и начини за поефикасно возење, безбедност и избегнување на лоши ситуации на патиштата и слично.

Тоа што е засега прикажано од компаниите како најава е револуционерниот систем за купување и преглед на возила преку HoloLens. Користејќи ги овие очила за виртуелна и надградена реалност идните купувачи, продавачи, маркетинг експерти, дизајнери и останатите ќе можат да ги прегледуваат возилата во надградена реалност пред нив, тој приказ да го споделуваат со други и да имаат интеракција со виртуелните прикази.

Впрочем, како што може да се види на видеото, со HoloLens ќе може да се прегледува надворешноста на возилото, неговите внатрешни составни делови, карактеристики на патот и разните системи кои се наменети за справување со критични ситуации и така натаму.

volvo-hololens-001-1

Тука на Смартпортал веќе пишувавме за HoloLens и што се` се способни да прикажат (на пример, да ја претворат вашата соба во виртуелна игра), а соработката со Volvo ќе им даде една друга, исто така многу интересна перспектива на нивната употребливост како уред.

Купувањето на автомобил никогаш нема да остане исто после ставањето на HoloLens и испитувањето на секоја компонента во детал и по виртуелното возење.

Извор: Cnet, Windows Central

Претходна статијаСистем за рехабилитација кој работи преку Kinect одобрен од FDA
Следна статијаНаучниците го создадоа првото сајбер растение