Некои од посериозните здравствени состојби се базираат на редовно добивање на третман со кој што се менаџира болеста и со тоа се овозможува подолг период на живеење без негативните последните од неа. Меѓутоа редовното примање на лекарствата, во одреден период и во одредена доза не е секогаш толку едноставно како што би сметале дека треба да биде, па доста пациенти не ги добиваат лекарствата на редовна основа.
Неколку американски компании и универзитети развиваат чип кој што веќе е во фаза на клиничко тестирање. Овој чип кој што е со димензии од 20 x 20 x 7 милиметри се вградува под кожата на пациентот и безжично се поврзува со потребната опрема која што го контролира ослободувањето на лекот кој што е во него. Лекот кој што е направен во концентрирани форма, е поставен во херметички затворени микро резервоари. Првите клинички тестирања се направени на пациенти со остеопороза, на кои што одреден лек кој што треба секојдневно да го примаат, го примаат преку овој чип.
Овој начин на примање на дози од лекови може да се примени за повеќе намени, односно не само за болести. Како што пишуваат од порталот Cnet, чипот може да се користи и како контрацептив, односно жените да примаат секојдневно потребна доза за оневозможување на бременоста.
Преку безжичната конекција, чипот покрај тоа што може да биде контролиран, тој исто така може да испраќа информација за успешноста на примањето на дозата, како и нивото на потрошеност на резервоарите. Чипот се вметнува под кожата преку кратка операција за која што се користи локална анестезија.
Се разбира како и за секоја област во која што се имплементира новата технологија постојат одредени загрижености од одредени луѓе за нејзината сигурност и можност за злоупотреба. Меѓутоа моментално се само концепти кои што се години пред нивно официјално користење, а сите потенцијални проблеми има време да се средат.
Извор: Cnet, MicroCHIPS, The New York Times