20150803_Spotlight+Image_Bringing+Invisibility+CLoaks+to+Reality

Можеби е интересна историска ономастична случајност, но беспилотните летала Predator кои ги користи армијата на САД можеби наскоро ќе имаат прекривка за „невидливост“, слично како и познатиот вонземски ловец од филмот „Predator“.

„Невидливата“ прекривна со право е сместена во наводници. Имено, таа ќе биде тенка и засега има способност да го прикрие објектот на кој е налепена во точно одредена фреквенција на електромагнетното зрачење и тоа само ако зрачењето доаѓа под агол од 45 степени (+/- 6 степени). Без разлика на ваквото ограничување, армијата на САД е заинтересирана да го проба овој метод за прикривање за своите Predator беспилотни летала.

Пронајдокот е дело на тим од Универзитетот од Калифорнија Сан Диего и според нив е далеку поефикасен во прикривање објекти отколку досегашните. Досегашните, за да го прикријат објектот, требаше да бидат изградени од многу слоеви кои излегуваат поголеми од самиот објект, меѓутоа оваа прекривка (диелектрик) е направена од лист од тефлон и керамички честички. За разлика од други прикривачки површини кои во главно треба да бидат 10 пати подебели од брановата должина која сакаат да ја пренасочат (како на пример, радар за следење со бранова должина од 3 цм), оваа површина може да биде само 10 пати помала од брановата должина и да биде исто ефикасна.

Ќе се согласиме дека ова е значаен напредок во оваа технологија и не е ни чудно што армијата е заинтересирана. Имено, место површината за скривање да тежи повеќе од самото летало (кога веќе се работи за беспилотни летала каде е битна ефикасноста на летот), вака може да биде суперлесна и да не додаде скоро воопшто на неговите летни карактеристики. Воедно веруваме дека комбинација од вакви камуфлажи погодни за различни фреквенции ќе овозможат вистинско криење од секакви радари и сензори.

Извор: Washington Post, Engadget, TweakTown

Претходна статијаMi 4c е уште еден евтин телефон на Xiaomi со одлични спецификации
Следна статијаПретставено копче за активирање на Cortana на Windows 10