energy-parking

Повеќето постоечки паркиралишта, авотпати и улици, се директно изложени на сончевата светлина, а истовремено во поголем период од денот многу од нив стојат неискористени. Поведени од овој факт Scott и Julie Brushaw извеле план како да ја искористат сета енргија која доаѓа од сонцето.

Пред околу 8 години, Scot, кој е по професија електро инженер, и неговата жена дошле до иновативна идеја за замена на асфалтните патиштата низ Америка со соларни панели кои произведуваат електрична енергија, а по кои истовремено би можело да се вози. Ваквата идеја набрзо прераснала во проект, кои бил дополнително развиван, и некои од новитетите кои биле додадени на идејата се однесувале за специјални LED диоди со чија помош на новата подлога би се отсликале ознаки за предупредувања. Исто така, како дополнителна карактеристика кон оваа идеја била додадена и можноста да самата подлога од панели поседува можност да се загрева, се со цел да се спречи формирањето на мраз и снежни покривки.

Институцијата одговорна за автопатите долж Америка (US Federal Highway Administration) донела одлука да оваа идеја биде финансирана и помогната, со цел изумителите да можат да произведат прототип, во што и успеале. На почетокот на 2010 година, првиот “уличен” панел со големина од 3.7 x 3.7 m, составен од 16 мали панели, бил произведен и истиот бил програмиран да ги обезбеди погоре споменатите карактеристики.

Неколку години подоцна, овој концепт полека почнува да ја наоѓа и својата примена. Имено, неодамна се појавија привите слики од овој проект, на кои може да се види првиот (скоро) оперативен паркинг простор, кој произведува електрична енергија. Со помош на неколку волонтери, успеале да го доразвијат нивниот производ, па така кон средината на 2013 година нивниот производ еволуираше во хексагонален панел, со цел поедноставно справување со кривините при монтирањето. Секој еден панел се состои од фотоволтаични ќелии, микропроцесор, 128 програмибилни LED диоди, и елементи за за загревање на самиот панел, обложени со стаклена обвивка со изворедни карактеристики на цврстина при оптоварување.

Сите кабли кои се потребни за пренос на енергија и податоци се сместени во кабелски коридор по должината на самиот паркинг. Со ова би се овозможило лесен пристап до самите кабли и елиминирање на потребата од надземни спроводници кои ќе бидат подложни на надворешните температурни услови.

Сега за сега, 69 проценти од подлогата под стаклената обвивка отпаѓаат на фотоволтаичните ќелии, но планот е зголемување до вкупно 100 проценти пред пристапување кон комерцијално производство на овие подлоги. За да може да го достигне ова, компанијата решава овој проект да го финансира преку Indiegogo платформата. Целта е собирање на 1 милион долари, но компанијата ќе ги добие сите средства и во случај да прагот од оваа сума не биде надминат.

Во видеото подоле можете да ја погледнете целата приказна за овие т.н. улични панели.

Претходна статијаNissan претстави боја која самата се чисти
Следна статија„Не како и секој друг“ – првата реклама за Nokia од Microsoft