За некои луѓе чистењето на автомобилот претставува ритуал од посебно значење, коj e пропратен со чувство на сатисфакција и еден вид нов почеток. За други пак, овој процес претставува обврска која одзема значаен дел од времето на луѓето.
Автомобилската компанија Nissan, рангирана како шеста најголема компанија за продажба на автомобили, интензивно работи на проект наречен Ultra-Ever Dry, технологија која овозможува одбивање на нечистотиите од надворешната површина на автомобилите. Тоа се овозможува со нанесување на безбоен нано слој, со супер хидрофобично и олиофобично својство, кој овозможува одбивање на вода и маснотии. На тој начин, кога еден автомобил ќе помине низ некоја каллива површина, нано слојот спречува нечистотиите да се залепат за надворешната површина, со што практично автомобилот останува чист.
Ultra-Ever Dry технологијата на пазарот се појавува во 2012 година и истата е развиена од страна на Ultratech International, компанија која доаѓа од Florida,USA. За период од помалку од две години изумителите на овој суперефикасен слој успеваат значително да ја подобрат неговата формула. Па така, овој слој денеска ја наоѓа неговата апликација и можност за користење кај делови од облека и обувки, градежни матерјали и автомобили.
Првичните тестови од оваа Ultra-Ever Dry технологија, во соработка со Nissan, се вршат на Nissan Note моделот, и истите биле сроведени на симулирани, како и на вистински надворешни услови од дожд, снег и мраз, и истите се покажале како успешни. И поркрај одичните резултати, од компанијата велат дека сеуште не размислуваат за воведување на оваа технологија во стандардната понуда на опрема кај нивниот асортиман на автомобили.