Туширањето, како една од секојдневните потреби на човекот, зазема најголем процент од целокупната потрошувачка на вода кај домаќинствата и изнесува околу 25-30 %. Стандардните туш славини имаат проток од околу 12 литри вода во минута, што за 10 минутно туширање би значело околу 120 литри вода. Во време кога чистата вода станува сериозен проблем за густо населените средини, несовесното однесување при користењето може да предизвика сериозни последици на осиромашување на водните ресурси.

orbsys-shower

Компанија “Orbital Systems”, која е производ на имагинацијата на студент по индустриски дизајн од универзитетот Лунд од Шведска, неодамна на пазарот понуди иновативен дизајн на производ кој ја рециклира водата за туширање. Имено, производот функционира на тој начин што по истекувањето на водата од тушот, таа оди во одводот каде поминува низ систем за филтрација и потоа повторно се испумпува назад во тушот. Бидејќи загубата на топлина е мала при овој процес, потребно е само малку истата да се загрее, што значително ги намалува трошоците за енергија. По проценките на компанијата, ваквиот систем на затворен циклус може да задржи преку 90 %  од водата и 80 % од енергијата која се троши при туширањето.

orbsys-shower-2

Можеби звучи чудно да нечистата вода повротно да се користи за туширање, меѓутоа техниката на филтрација е развиена до тој степен да тестовите извршени врз примероците покажуваат дека 99,99 % од бактериите се уништуваат. Ова значи дека филтрираната вода е доволно чиста за да може да се пие и всушност е многу почисиста од водата од чешма. Иновативната туш кабина е опремена со водоотпорен екран на допир на кој може да се регулира температурата на водата.

131107172553-orbsys-shower-sketch-story-top

Со овој производ заштедата на вода се сведува на 5 литри за 10 минутно туширање што е за околу 25 пати помалку од конвенционалните решенија. Истражувањата на компанијата довеле до резултати дека вкупните заштеди на вода и енергија може да достигнат и до 1000 евра на годишно ниво. За таа цел тие имаат развиено и калкулатор каде што може да се пресметаат заштедите >http://orbital-systems.com/measure-cost/<.

orbsys-shower-3

Ваквиот производ не претставува ново решение само по себе, бидејќи веќе години сме сведоци на начините на кои астронаутите во вселената преживуваат многу време без свежа залиха од чиста вода. Тие истотака користат вода од рециклирачки извори. Па така, дизајнерот на горе споменатиот производ бил понесен од постоечката идеја која се обидел и успеал да ја пренесе и на Земјата.

Досега компанијата има поставено вакви тушеви во “Ribersborg” отворените бањи во Малме, Шведска, локација каде се тестираат можностите на производот. Овој објект има капацитет од 170 000 посетители годишно. Засега не се објавува цената на производот за домаќинства, но има најави дека такво нешто ќе се случи во текот на наредната година.

Извор: CNN

Претходна статијаLG Chromebase – All in one компјутер кој работи на Chrome OS
Следна статијаНа повидок нова серија мобилни графички од Nvidia