bionic lens

Технологијата оди напред, а со неа доаѓаат најразлични изуми и технолошки достигнувања кои го подобруваат живеењето – барем за тие што можат да си ги дозволат. Наскоро се очекува таа да почне многу поблиску да се интегрира со нашите биолошки тела, па да станува неразделлива (повеќе околу тоа што се очекува во иднина можете да прочитате во следната статија: „10 преносни технологии кои наскоро ќе можеме да ги вградиме во телото“).

Од друга страна надградбата на човековиот вид најчесто се замислува како дополнително слоеви на содржина во вид на надградена или виртуелна реалност. Сепак, некои размислуваат во друга насока, па сметаат дека човековиот вид може да се подобри каков што веќе е со надградба. Запознајте се со Ocumetics Bionic Lens, леќи кои имаат потенцијал да го револуционизираат видот.

Се работи за леќи кои треба да ги заменат вашите природни леќи со помош на операција. Истражувачот-оптометрист Д-р Гарет Веб ги има создадено овие леќи налик на копче, со кои ветува дека не само што нема да имате веќе расипан вид т.е. дека ќе имате 20/20 вид, туку и дека ќе имате далеку подобар од вашиот оригинален! Според него, ако сега едвај можете да видите каде се наоѓаат стрелките на часовникот на 3 метра, ќе ги гледате кристално јасно на 10.

Дополнително, самите леќи се направени од инертни материјали и не ја менуваат физиономијата на окото, па нема опасност да го оштетат, а бидејќи се вештачки нема никаква опасност да добиете катаракта или да ви се расипат. Со тоа се елиминира потребата од ласерска поправна хирургија, носење очила или пак леќи.

Ова се одлични вести за сите кои имаат проблеми со видот и кои нема да се плашат да ги заменат своите природни леќи со Ocumetics Bionic Lens или некои од конкуренцијата. Леќите ќе бидат достапни за две години од сега, ако ги поминат сите животински и клинички тестови.

Звучи предобро да е вистинито? Имајте предвид дека пред неколку века имањето уред во џебот со кој можете да комуницирате со било кој било каде на Земјата звучело предобро да е вистинито – а денес е вистинито.

Извор: IFLScience

Претходна статијаNSA почнува со подготовки за прекинување на програмата за собирање на податоци
Следна статијаМожат ли двајца луѓе повторно да ја населат Земјата?