turbine-farm1

Потребата за енергија во ова време на технологија е голема, а истата ќе продолжи да се зголемува. Проблемот со начинот на кој што се произведува енергијата е загадувањето на околината, како и ризикот од хаварии кај нуклеарните централи. Затоа веќе одамна постепено се истражуваат, а и се користат алтернативни извори на енергија, која што е чиста, односно не ја загадува околината, а и е обновлива, што значи не зависи од ресурси на земјата кои што се ограничени. Сигурно на повеќето од вас ви се познати колекторите на соларна енергија, како и турбините кои што произведуваат енергија со користење на ветровите или од реките и вештачките езера.

Меѓутоа група на истражувачи кои што работат на овој проблем, сметаат дека има уште начини кои што можат да се користат за производство на обновлива и чиста енергија, кои што се поефикасни и константни. Во овој случај се работи за искористување на подводните струи кои што се константни во океаните. Системот би работел со поставување на турбини на дното од океанот, по што од океанските струи тие би се вртеле и со тоа би генерирале енергија која што би била пренесувана до потребните места. Турбините се направени да се вртат со мала брзина со цел опасноста од повредување на подводниот свет биде сведена на минимум. Истражувачите истакнуваат дека не влијанието на животната средина претставува важен фактор во нивното истражување.

PAN-113

Турбините се направени од три дела на кои што се поставени крила наменети да се отвораат или затвораат зависно на моменталната положба на турбината. Кога турбината се движи во спротивен правец на океанската струја крилата се отвораат за полесно вртење.

Извор: Live Science

Претходна статијаPinterest воведе можност за испраќање на пораки
Следна статијаПовеќето компании ги скенираат вашите пораки за откривање на детска порнографија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.