ID-100196723

Оваа недела можевте да прочитате за пријавувањето на корисник од страна на Google кај кој што е откриено дека разменува слики кои содржат детска порнографија преку Gmail. Технологијата која што се користи за откривање на ваквите слики е развиена од страна на Microsoft и е наречена PhotoDNA. Технологијата работи на тој начин што ги означува сликите преку нивна детална анализа, по што тие или нивни копии лесно можат да бидат препознаени на серверите.

Очекувано оваа информација повторно ја покрена актуелната дебата околу приватноста на содржината на интернет. Дали провајдерите не сервиси имаат право и треба да ги скенираат email пораките, фајловите во облакот и слични места на корисниците со цел откривање на криминални дејства. Исто така се поставува прашањето дали компаниите го користат пристапот до пораките и за други работи и како тоа влијае на користењето на интернетот.

Сепак на корисниците треба да им биде јасно дека повеќето компании, а посебно поголемите, вршат скенирање на содржината која што се наоѓа на нивните сервери. Во основа за да можат да обезбедат заштита од малициозен софтвер и спам, тие мора да направат некаков вид на скенирање, а повеќето скенирања се прават автоматски, што значи не ги прегледува вашите пораки некој вработен во компанијата.

Она што се поставува како прашање за ваквите ситуации е дали вработените имаат пристап до содржината на корисниците и за какви цели се користи пристапот. Веќе знаеме дека повеќето од компаниите ја скенираат содржината на пораките во email комуникацијата за продавање на рекламен простор.

Оваа недела повторно е актуелна оваа тема поради информацијата дека уште еден човек е уапсен за испраќање на слики со детска порнографија преку сервисите на Microsoft. Технологијата која што се користи за откривање на сликите покрај Google и Microsoft ја користат и Facebook и Twitter, помеѓу другите.

Извор: Cnet, BBC

Слика:  ddpavumba / freedigitalphotos.net

Претходна статијаОбновлива и чиста енергија од под океански турбини
Следна статијаNavdy е проѕирен екран за вашиот автомобил со кој што ќе го задржите погледот на патот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.