nanoparticle-coating

Ефикасното искористување на горивото кај моторите кои се користат кај авионите директно зависи од температурните услови под кои истиот може да работи. Што поголема температура може моторот да поднесе, толку поефикасно го искористува горивото. За да може моторот да ги издржи високите температури, се користат заштитни облоги изработени од метални компоненти.

Научници од Sweden University-West интензивно работат на развивање на нова далеку поефективна облога од постоечките, која се верува дека ќе го продолжи животниот век на овие мотори за 3 пати.

Облогата се состои од прав составен од керамички и пластични наночестички, додадени на течна основа. Улогата на керамичките честички е да обезбедат дополнителна изолација од топлина, додека пластичните овозможуваат формирање на ситни пори кои даваат својство на еластичност. Еластичноста е важна да облогата на некој начин се соедини со металот врз кој се нанесува.

Оваа нано-облога се загрева на 7000-8000º C, температура на која керамичките честички се топат, при што се добива плазма која потоа се нанесува врз металот и истата има дебелина од 0,5 mm.

Конвенционалните облоги се нанесуваат во повеќе слоеви еден врз друг, што доведува до намалување нејзината функционалност и флексибилност. Нано-облогата не само што е пофлексибилна туку и поотпорна на пукање, а дополнително и истата полесно се нанесува на нерамни површини.

При термичките испитувања кај мотори со оваа нова нано-облога, при кои се симулираат нагли промени на температурата, откриено е дека со користење на истата, издржливоста на моторите е 3 пати поголема. Со ова дефинитвно би се намалила потребата од честото сервисирањето на моторите, за сметка на зголемувањето на нивната издржливост.

Научниците се надеваат дека оваа технологија ќе ја најде својата примена кај авионските мотори и гасните турбини во текот на следните две години.

Претходна статијаНеофицијални слики од BlackBerry 10.3 надградбата, прикажува промени во дизајнот и нови функции
Следна статијаВелосипед со рефлексивна површина која свети навечер