f85b46f89599c32c589b916a46e501cc_large

Lumen е името на велосипедот претставен на Kickstarter од страна на Mission Bicycle Company направен во соработка со Halo Coatings. Сумата која што е потребна за успешност на проектот е скоро достигната, па нема можност истиот да биде откажан. Се работи за велосипед чија што рамка и фелни се обложени со состојка која содржи повеќе од 1.000 рефлексивни сфери кои што ја одбиваат светлината назад кон изворот.

Тоа значи дека велосипедот кој што изгледа како и секој друг, навечер целиот се осветлува кога кон него ќе бидат насочени извори на осветлување, како на пример светла од автомобил. Поради фактот што се работи за рефлексивна површина, што значи не користи сопствен извор на светлина, велосипедот не користи и нема потреба од извор на енергија, односно батерија. Системот составен од сфери овозможува светлината да биде одбиена назад од каде што доаѓа, наместо истата да биде одбиена на разни страни, односно распрскана. Со тоа се постигнува многу поголем ефект на осветлување, односно шансите некој да не го забележи велосипедот се многу мали.

ed8f141ebcd0ea3abc4cfdeb7d4a25cb_large

Lumen е направен со едноставен дизајн, без многу додатоци и дизајн елементи карактеристични за денешните велосипеди. Неговата рамка е направена од рачно изработен хромиран челик и истиот е доста лесен. Доаѓа во 3 верзии, односно една верзија со една брзина и две повеќе брзински.

Рефлективната површина е во форма на прав и истата се нанесува на велосипедот преку нејзино електризирање по што таа  се налепува на рамката и фелните. Процесот потсетува на фарбање на автомобил преку специјално направените пиштоли, меѓутоа во процесот на велосипедот пореди користењето на електризираната прав, не доаѓа до губење или течење на истата.

Претходна статијаОблога од наночестички за авионските мотори
Следна статијаТурција ги блокира DNS серверите на Google после блокирањето на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.