sn-sunblock

Летото е период кога многу од луѓето прават се` за да потемнат. Сепак, темната кожа се асоцира со здравост и латино заводнички стил кој им ја дава потребната самодоверба која инаку не би ја имале. Воедно со изложувањето на Сонце се добиваат огромни количеста на витамин Д бидејќи кожата сама ги лачи.

За добро да се потемни потребно е луѓето со посветол тен да се мачкаат со креми за сончање, но повеќето од нив не знаат дека и овие „заштитни“ креми се делумно штетни за кожата бидејќи содржат хемикалии кои се апсорбираат и предизвикуваат растурање на ДНК структурата.

За да се намали овој ефект, еден научник (Марк Салцман) работи на создавање на поздрава крема за сончање која ќе содржи далеку помалку хемикалии него досегашните широкодостапни варијанти, а ќе го обезбеди истото ниво на заштита. Тоа веќе го има демонстрирано на експериментални глувци, и тоа со помош на наноматеријал. Овој материјал покажува тенденција да се лепи за кожата, но не се апсорбира, и се` што треба човекот да направи за да го тргне е да се избрише.

Салцман ги изменил молекулите со својот тим во облик на капсули, и им сместил само 5% од УВ заштитната хемикалија, а го постигнале истото ниво на заштита. Покрај ваквото 20-кратно намалување на штетните хемикалии исто така постигнале материјалот да е водоотпорен и да седи на кожата до 5 дена, без да се апсорбира и да ја оштетува.

Изгледа наскоро ќе можеме уште повеќе да се печеме на Сонцето на некоја плажа без да се грижиме за рак или изгореници, чим влезе овој производ на пазарот.

Извор: Geek, ScienceMag

Претходна статијаLG V10 – телефон од високата класа со двоен дисплеј и две селфи камери
Следна статијаMicrosoft Audio Lab – Рекордер за најтивко место на светот