Денес, скоро сите автомобилски гуми имаат и мрежа од челик која им овозможува повисока цврстина и издржливост во најтешките услови. Роверите на NASA наменети за возење по други планети или месечини, пак имаат многу повеќе челик, отколку гума на нив, бидејќи возат на многу потежок терен, каде и атмосферските услови се многу потешки.

Поради тоа, челикот после некое време почнува да ги губи своите својства, односно под влијание на атмосферата почнува да фаќа ‘рѓа и да омекнува. Резулатот на крај е издишана гума, која му отежнува на роверот да ги врши своите задачи на тешките терени, како на пример на Марс.

Во мисиите од иднината, NASA планира да го реши ова со целосно нови „пневматици“, односно поточно тркала направени од титаниум. Овие тркала нема да бидат полни со воздух, односно мрежата од титаниум ќе биде единствена која ќе има контакт со подлогата. Благодарение на дизајнот на плетката, ова тркало ќе се однесува како секој нормален пневматик, односно ќе има можност да ги впива нерамнините и да се приспособува на нив.

Исто така, титаниумот е многу поиздржлив од челикот на подолг рок, односно не оксидира, што значително би ги продолжило мисиите на другите небесни тела, односно онаму каде планираме да пратиме ровери. Исто така, не помалку важно, титаниумот е полесен од челикот.

Оваа технологија би можела да се користи и на земјата, за возила со специјална намена, како на пример теренски возила, но NASA главно планира да ја примени во истражувањето на Марс и други небесни тела во нашиот соларен систем.

Извор: BGR, Mirror, Gizmodo

Претходна статијаGoogle ќе го намали рангот на руските новински агенции RT и Sputnik
Следна статијаМакедонски студенти во Топ100 од цел свет и Топ10 во Европа на натпревар по програмирање – IEEEXtreme 11.0