nasa-ldsd-spin-test

Слетувањето на човечка мисија на Марс потенцијално ќе претставува голем проблем поради атмосферата на планетата. Таа е прегуста за слетување само со погон, а преретка за слетување со падобран. Досегашните слетувања на автоматизираните роботи се изведуваа со комбинација на двата типа, но тие имаа далеку помал товар него што би имала една човечка мисија.

Нормално, светските вселенски агенции активно размислуваат на овој проблем. Најновото потенцијално решение доаѓа од NASA и нивниот концепт на „летачки чинии“. Имено, нивната идеја е да го слетаат објектот преку сложен систем на вртење на летало налик чинија, надувување на гасни модули и постапно ослободување на неколку нивоа на падобрани (таканаречен Суперсоничен надувувачки аеродинамичен забавувач; Supersonic Inflatable Aerodynamic Decelerator).

Првиот обид за остварување на ова беше полууспешен, а од NASA дури го снимија истото со камера која го опишува процесот (погледнете го видеото горе). Сега тие ги имаат изменето малку концептот и ќе се обидат повторно да го истестираат целосно успешно, но пред тоа да го остварат требаше да ги истестираат самите „чинии“ дали се соодветно врамнотежени.

Самите чинии ќе бидат изработени во две големини, 6 и 8 метри, а падобранот кој треба да ги сопре при падот ќе биде голем 30,5 метри. NASA и Роскосмос само што покажаа некои знаци кон заедничка соработка во Мисијата на Марс, што е секако за поздравување (и покрај тоа што односите во другите полиња не им се на завидно ниво, САД и Русија добро соработуваат во сферата на вселенски истражувања). Ваквиот начин на слетување би скратил многу од трошоците при самото слетување и би овозможил повеќе простор за други предмети на леталото, простор кој би бил отстапен од помалото количество гориво.

Извор: The Verge, Space.com

Претходна статијаПостигната квантна телепортација на микрочип
Следна статијаXiaomi лансираше неколку нови продукти, вклучувајќи и 55 инчен паметен телевизор