nasa-em-drive

Летањето низ вселената е исклучително скапа авантура на нашиот конвенционален начин кој го користиме досега – тврдо или течно гориво кое се користи за остварување на огромната потисна моќ потребна да се лансираат тешки предмети од Земјата, а потоа да се насочуваат кон планетите или другите објекти.

За да се намали трошокот за летање низ вселената во вакуум научниците испитуваа повеќе концепти на мотори кои се многу поефикасни од тие базирани на горива. Два од тие се јонскиот мотор и електромагнетниот мотор, кои ветуваат. Од нив, електромагнетниот мотор е можеби почудниот и поветувачкиот бидејќи изгледа дека ги нарушува законите на физиката при неговото функционирање – а NASA само што успешно тестираше ваков мотор.

Барем тие така тврдат. Имено, начинот на функционирање на овој мотор e преку конверзија на електрична енергија во потисна моќ без користење на потисно гориво, што инаку би требало да биде невозможно по правилата на физиката. Ваквата технологија досега беше тестирана од страна на Кина, В. Британија и САД. Таа ветува многу во областа на вселенски патувања бидејќи дава надеж дека горивата ќе можат да се заменат со друг, поефикасен извор на потисна моќ, кој има потенцијал да постигнува огромни брзини – дури до значаен процент од брзината на светлината.

Единствениот проблем во овој случај би бил изворот на енергија. Со побарувачката за енергија веројатно ќе треба самото летало да има нуклеарен погон за производство на енергија, или пак самата енергија да биде емитувана од Земјата или друго место преку ласер директно до панелите на леталото.

Извор: CNet, Tech Times

Претходна статија„Годината на десктоп компјутерите“ – вака HP ги претстави своите нови машини
Следна статијаНаучниците забележаа спојување на две супер масивни црни дупки