NASA има нов концепт за крило кое би требало да овозможи многу поефикасно искористување на енергијата, намалување на бучавата и летање на сончева енергија. Нивното крило има 18 пропелери и ќе биде тестирано овој период во Едвардс воздушната воена база во Калифорнија. 18-те мотори работат на литиум-железо-фосфатни батерии и ќе бидат тестирани за енергетската ефикасност.
Принципот на работа се разликува од „обичните“ крила во следното: овие 18 пропелери ќе го туркаат воздухот директно во крилото место во празнина, што значи дека директно ќе му помагаат на објектот да се издигне. За ова да се оствари потребно е да ги има повеќе за да се оствари потисна моќ по целата површина на крилото.
Ова ќе овозможи поголема ефикасност на летот, а бидејќи брзината на различните пропелери ќе може да се контролира независно, ќе овозможи оптимизација на енергетското трошење и намалување на бучавата.
Овој проект е дел од проектот X-Plane на NASA кој има за цел да произведува прототипови на напредни летала веќе неколку децении. Заинтересирани сме да го видиме тестот и неговите резултати од овој „нов“ концепт за подигнување на авиони во воздух.
Технологијата на авијација и подигање и одржување предмети во воздух во главно се базира или на движење кон напред (авиони, едрилици), или на подигнување нагоре (како на пример, ракети, балони со хелиум, итн.).
Кога се работи за движење напред, обично се работи за користење на ефектот на крило позајмен од природата, а кој работи на принцип што воздухот се судрува со крилото кое е поставено под некој агол и поради тоа врши притисок кон подигнување на предметот. Досегашните општоприфатени остварени дизајни на крилското летање се делумно ефикасни бидејќи се базираат на мотор кој го бутка леталото напред додека крилото работи на другиот воздух кој по сила на случајот се судрува со истото.