Screenshot_1

Нано-пиксели како што ги нарекуваат научниците од Оксфорд кои случајно дошле до овој изум се способни за многу повисоки резолуции од оние што денес ни се познати. Причината за ова е што самите тие се со големина од 300 на 300 нанометри, односно се 150 пати помали од пикселите во денешните екрани.

Зборуваме за пиксели кои се доволно мали за да може да се проектира целосна слика која е со неверојатна ширина колку човечко влакно. Она што го гледаме на нашите екрани сакаме секогаш да е кристално јасно и со многу бои.

Компаниите и нивните развојни тимови секојдневно се трудат да најдат нови начини како да ги направат нивните уреди подобри од конкуренцијата. Овој случаен пронајдок што значи неволја за технологијата 4K, отвора нови можности за тенки екрани со екстремно висока резолуција и мала потрошувачка на енергија. Тука влегуваат во игра и флексибилните екрани за паметни очила, екрани што се превиткуваат, па дури и синтетички леќи.

foldable phone concept3

Тимот од Оксфорд е убеден дека оваа нова технологија може да ја прикажува речиси секоја боја. Тие веќе поднеле документи за обезбедување на патент под Isis Innovation. Иако е се’ уште рано да се каже кога овој изум ќе ја најде својата примена, сепак претставува темел за нов вид на висока резолуција, која е лесно апликабилна и има екстремно ниска потрошувачка на енергија.

Нано-пискелите вусшност функционираат по принцип на технологијата наречена phase-change. Ова значи дека самите пиксели можат да се вклучуваат и исклучуваат со секое освежување на дисплејот. Слични својства со овие нови пиксели имаат екраните што содржат e-ink кој најчесто се користи во е-читачите кои исто така зачувуваат голема количина на енергија во споредба со конвенционалните LCD екрани.

Извор: Oxford, Gizmag

Претходна статијаSamsung ги претстави Galaxy Note 4 и Galaxy Note Edge
Следна статијаGoogle Chrome ќе работи како Chrome OS на Windows 7