Флексибилен ОЛЕД панел на Коника-Минолта
Флексибилен ОЛЕД панел на Коника-Минолта

OLED (Organic Light Emission Diode) технологијата денес се користи во главно при осветлување на екрани за уреди како и за создавање слика на самите екрани (пиксели). Таа е далеку поефикасна при работата од обичните LCD панели, давајќи повеќе светлина со помалку енергија. Воедно и помалку се загрева од LCD панелите што овозможува да нема потреба од специјални одводи за топлина. Една од најголемите пречки за незиното ширење во општа потрошувачка е цената на производство која често знае да биде 10 до 100 пати поскапа од конвенционалното осветлување.

Кевин Булис во последното издание на MIT Technology Review зборува за OLED и како таа може да ги донесе сите горенаведени подобрувања. Тој исто така наведува дека неколку компании меѓу кои Коника-Минолта и OLED Works работат на подобрување и поевтинување на процесот на производство користејќи го така наречениот ролна-до-ролна (roll-to-roll) начин на лепење на OLED единиците на флексибилен пластичен лист кој потоа наелектризиран испушта светлина. Во исто време, младата компанија Пикселиџент пронајде начин да ја зголеми светлината од OLED единиците за 2 до 3 пати преку користење на нано-честички.

Интересното е што OLED технологијата во својата основа е поедноставна и од LCD технологијата што потенцијално овозможува да биде дури и поевтина за производство во иднината, што би значело нејзино прифаќање во домовите и бизнис местата како одличен извор на осветлување.

Инаку самото OLED осветлување се базира на слој од органски материјали кои се сместени меѓу две електроди. При добивањето на електрична енергија материјалот емитува светлина. OLED се користи за создавање на дигитални екрани за телевизори, монитори, мобилни телефони и таблети, рачни играчки конзоли и слично. Развитокот на OLED во осветлувањето е моментално во голем развиток.

Извор: Phys.org, MIT Technology Review

Претходна статијаОсновите на физиката добија уште една потврда
Следна статијаИднината е веќе тука – дали сме подготвени за неа?