cp9l1uz8q9q

Роботи – механички уреди кои можат да извршуваат различни задачи далеку поефикасно од луѓето. Од една страна тоа е одлично – производството на лекови, алати, прецизни уреди и слично се остварува далеку поефикасно и со помалку грешки отколку од луѓето. Од друга страна, тоа значи дека еден робот е далеку поефикасен убиец со пушка во рака. Во спој со идната вештачка интелигенција која ита кон развојот, можеме само да си ги замислиме последиците.

Очигледно е дека е потребна глобална платформа која ќе овозможи во исто време безбеден развиток на роботиката која нема да се сврти против луѓето или да служи да создаде уште едно робовско уредување. Microsoft работи токму на тоа заедно со своите партнери Kuka (произведувач на индустриски роботи и решенија за автомација) за да создадат паметна платформа за производствена роботика.

Идејата е да се поврзат сите роботи во производствениот процес преку централен систем базиран на Microsoft Azure Internet of Things кој ќе ги учи грешките во производниот процес и користејќи најразлични сензори ќе може прогресивно да ги исправа. На пример, ако при производството некој дел статистички значително е грешен во монтажа, системот ќе го забележи тоа и ќе понуди или преземе неколку различни варијанти на решенија. Потоа ќе учи за ефектот на решенијата. Системот ќе може и да комуницира со луѓето-работници за извршување задачи и решавање проблеми.

Според нив има голема предност во ваквиот начин на производство бидејќи станува супербрз и ефикасен, со помалку грешки. На пример, Microsoft на нивната страна се фалат дека на ваков начин можат да склопат Jeep Wrangler за 82 секунди, да оперираат 246 роботи низ 60 000 точки на производство на подот, и постојано да анализираат податоци во врска со работењето и ефикасноста.

Со ваквата платформа (услужна роботика; service robotics) ќе се овозможи побезбедна работа и симбиоза меѓу човечките и роботските работници во процесот на производство, а искуството од нејзе понатаму ќе се пренесе во општата генерална вештачка интелигенција и нејзината соработка со луѓето.

Извор: Forbes, Microsoft, GeekWire

Претходна статијаПротечени спецификациите за најмоќниот iPad Pro
Следна статијаОвој викенд македонските претприемачи се собираат на едно место за Стартап Викенд Скопје