Print

Одбројуваме ситно! Остануваат само уште неколку дена до настанот што сите го очекуваме. Четвртиот Стартап Викенд Скопје започнува овој петок! Од 8ми до 10ти Мај во Телеком Иновативниот Центар ќе имате можност да се запознаете со дел од локалната стартап заедница, да ги развивате вашите идеи, да добиете вредни награди, но што е уште поважно, да се стекнете со огромно искуство и нови контакти.

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Startup Weekend глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави. Секој настан во просек има 85 учесници, кои реализираат околу 10 нови идеи. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво.

Оваа година организаторите на Стартап Викенд Скопје, поддржани од Македонски Телеком ветуваат супер локација, интересни игри и забава за време на настанот, искусни ментори, судии и атрактивни награди за победниците. Овој пат, како дел од соработката, освен просторот, Македонски Телеком обезбедува голема техничка опременост за реализација која ќе го подобри искуството за учесниците и посетителите на настанот, а ќе имаат и свои претставници во улога на судии и ментори.

Листата на судии, агендата, партнерите кои го поддржуваат настанот, како и организаторите можете да ги најдете на www.sw.mk

Наградите што ќе ги добијат победниците на овогодинешниот Стартап Викенд Скопје се:

  • За 3то место: Samsung Galaxy Tab S 10.1 LTE и Samsung Galaxy A3
  • За 2ро место: Samsung Galaxy Tab S 10.1 LTE и Samsung Galaxy S5
  • За 1во место: Изненадување!! :)

Освен подароците од T-mobile и Samsung, победниците на  Стартап Викенд Скопје ќе имаат можност да учествуваат на Spark.me конференцијата во Будва, DigitalK конференцијата во Софија и Startup Weekend Sofia.

Покрај наградите, ќе имате екслузивна можност да се запознаете и да разговарате, како и да научите многу работи од нашите ментори, кои се лидери во македонската “Startup Community” како: Хајан Селмани и Васко Дреноски од Хаселт, Стојан Дипчиков од Despark, Дражен Зујовиќ од Tour Via Me, Итана Прљевиќ од Spark.me, Татјана Забасу од RSG Capital, Виктор Крстевски од Т-Мобиле Македонија, Веле Самак, кој на минатогодишното издание беше судија, Карло Кониг од u:Plug, Александар Паунковски од G6, како и Ристе Лазороски кој е UX/UI дизајнер.

За вас, овој пат имаме уште едно изненадување, а тоа е нашиот специјален гостин кој доаѓа директно од SIlicon Valley! Следете не на профилите на социјалните мрежи Facebook: StartupWeekendSkopje и Twitter: @swSkopje и дознајте за уште изненадувања кои следат!

Претходна статијаMicrosoft работи на нова платформа за попаметно и посигурно роботизирање
Следна статијаОткриен нов планетарен систем на само 54 светлосни години оддалеченост
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.