Apple

Во светот постојат само неколку производители кои „знаат“ да произведат добар и квалитетен OLED екран наменет за мобилните телефони. Сигурно на повеќето од нас ни е познато дека убедливо главната позиција ја држи Samsung, а тоа може да го видиме и од нивните телефони кои секогаш во тестирањата го добиваат првото место за нивниот екран.

iPhone отсекогаш важел за уред со одличен екран, меѓу ретките кои може да му конкурираат на Samsung, меѓутоа за користење на OLED екрани, Apple сепак мора да се обрати до својот најголем конкурент, Samsung.

Минатата година Samsung го правеше екранот за iPhone X, па за оваа година Apple се надеваше дека ќе може да ја намали зависноста од својот конкурент, па се обиде да го префрли производството на екраните кај LG, барем дел од нив.

Потребата од OLED екрани на Apple оваа година ќе биде поголема. Според информациите оваа година ќе има два модели во стилот на iPhone X, па бројот на нарачки што Apple ќе ги направи за екрани не е мал.

Сепак, според информациите на The Wall Street Journal, LG не е во можност да одговори на барањата на Apple, па од компанијата ќе мора повторно да зависат од екраните на Samsung. Тоа ја става компанијата повторно во ситуација да зависи од својот најголем конкурент, па затоа ќе биде интересно да се види што решение ќе најде Apple за идната година.

Екраните од Samsung се можеби најдобрите, а тоа се гледа и од одличниот екран на iPhone X, меѓутоа тешко е да се замисли дека Apple ќе продолжи да го финансира својот најголем конкурент и да придонесува за неговиот поголем успех во иднина.

ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаGoogle работи на замена за SMS сервисот со нов помодерен систем наречен RCS
Следна статијаFile Explorer во Windows 10 ќе добие поддршка за темната тема на оперативниот систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments