bionic arm

Луѓето кои имаат изгубено некој екстремитет често го заменуваат со протетичка замена. Сегашните рудиментирани протетички замени се неспособни за било каква акција и генерално само визуелно го заменуваат просторот на изгубениот екстремитет.

Секако, технологијата и науката итаат со забрзано, експлоненцијално темпо и почнуваат да ги решаваат и овие проблеми. Претходно пишувавме за успешното контролирање на протетички раце преку директо врзување со нервите на корисникот. Денес имаме нова вест од овој свет. Имено, истражувачите од Универзитетот од Хјустон создадоа систем базиран на електроенцефалограм (ЕЕГ) кој може да се носи на глава и со него успешно да се контролира надворешна протетичка рака во дури 80% од случаите.

Техниката беше демонстрирана со 56-годишен маж и е неинванзивна, што ќе претставува големо олеснување за сите вакви пациенти. Научниците прво направиле анализа преку ЕЕГ на мозочните бранови кои се појавуваат кога корисникот сака да фати некој објект, движењето на раката и слично. По тоа, со помош на специјално направен толкувач на мозочните бранови (т.н. мозок-компјутер опкружување) успешно ја управувале бионичката вештачка рака кога била физички наместена на рамето на корисникот.

Според Хозе Луис Контрерас-Видал, невронаучник и инженер на Универзитетот, неинвазивниот метод нуди повеќе предности: го избегнува ризикот кој постои при имплантирани електроди кои мерат мозочна активност, и ја заменува потребата на т.н. миоелектрични системи кои се врзуваат директно на нервите на пациентот. Студијата на овој тим истражувачи е објавена во Frontiers in Neuroscience. Во студијата дополнително анализирале и неколку луѓе кои немаат изгубено дел од телото во разни ситуации како што се фаќање и пуштање на предмети, стегнување и движење на раката и дланката и слично.

Според нив, ефикасноста на овој систем може да достигне и до 100%, но за тоа ќе треба доусовршување на софтверот и на прецизноста на ЕЕГ скенерот кој пациентите би го носеле на глава.

Извор: Engadget, Eurekalert

Претходна статијаМорнарицата на САД создаде автономно летало-подморница
Следна статијаDell Venue 10 7000 – Android таблет за бизнис корисниците