По повлекувањето на познатиот Concorde од употреба пред 18 години, ниту еден производител повторно не донесе на пазарот комерцијален авион кој може да лета со брзина поголема од таа на звукот. Со тоа се стави и крај на повеќечасовното скратување на времетраењето на летовите за долгите релации, па остана само надежта дека некоја компанија наскоро повторно ќе му овозможи на светот да лета со суперсонични брзини.

Една компанија која изгледа дека најсериозно работи на оваа цел е Boom Supersonic. Тие минатата година го претставија својот резултат од работата со нивниот авион XB-1. Се работи за концепт летало кое е во многу помала форма од што ќе биде леталото замислено да се користи за комерцијални летови, Overture.

Од Boom Supersonic планираат да започнат со тест летови оваа година, па доколку се помине како што треба, треба да се започне со производство и тест летови на Overture до 2026 година.

Тоа што дава надеж дека оваа компанија ќе успее во развојот на своето летало се информациите за нарачки од повеќе компании. Најновата информација доаѓа од американската United Airlines која има нарачано 15 Overture авиони, а се остава простор дека ќе нарачаат уште 35.

Нарачките за леталото се еден од клучните фактори за успехот на компанијата, а и показател дека довербата во леталото е голема.

Според тоа што може да се види од оваа компанија, која сега за сега се покажува како најсериозна во развојот на суперсонично летало, враќањето на овие брзи летови може да се очекува до крајот на оваа деценија, шансите за тоа да се случи многу порано се мали.

Главниот проблем кај овој вид на летови, поради што и ги нема, е трошокот за поголемата количина на гориво што се користи, како и звукот кој се создава, поради што е забрането летањето со брзина поголема од звукот над населени места.

Претходна статијаCosmote TV го реализираше првиот 5G пренос во живо во Грција
Следна статијаЗапочна глобалниот натпревар Huawei Next Design Awards 2021, дефинирајќи ја естетиката на иднината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.