Converted_file_816d2fdd

Microsoft Kinect е производ кој ја има улогата да ви ги препознава и следи движењата преку камерата како и гласовните команди. Отпрвин замислен како забавен уред со кој можат да се играат разни интерактивни игри кои го користат целото тело или дел од телото, многу производители почнуваат да му наоѓаат други намени.

Пример за ова е апликацијата Vera на компанијата Reflexion Health кој е фитнес програм со намена да помогне во мускулно-коскена рехабилитација. Практично, се работи за фитнес програм кој преку Kinect ги следи движењата на пациентите и потоа го пренесува нивното движење во виртуелна 3Д анимација. Покрај нивниот аватар се појавува и друг, виртуелен аватар кој ги „изведува“ вежбите, а пациентот треба да го следи и да повторува по него.

Главната цел е да следи како и колку активно ги изведуваат зададените вежби и таа информација да го пренесе на докторот или терапевтот. Преку Vera пациентите ќе бидат помотивирани да ги изведуваат вежбите бидејќи ќе бидат следени и исправaни во реално време за напредокот, а воедно ќе имаат виртуелен асистент кој ќе глуми фитнес тренер.

Додека ги изведуваат вежбите терапевтот/докторот има можност да се поврзе директно и во живо да ја прати формата, способноста, брзината, флексибилноста и сите други карактеристики на пациентите, помагајќи му да препише посоодветни вежби за секој пациент. Така пациентите можат да си ги изведуваат вежбите дома и да ги постигнат зададените цели.

Програмот инаку само што беше одобрен за неговата намена од Агенцијата за храна и лекови (Food and Drug Administration; FDA), кои се врвниот авторитет во оваа област во САД. Тоа значи дека Vera ќе може да се користи како валидно средство за ефикасна терапија.

Во секој случај, интерактивен програм е далеку подобар од снимен или насликан кој не може да биде доволно прилагоден на потребите на пациентите, а опцијата да се следи напредокот во реално време и со детални информации е исто така ќе придонесе кон исполнувањето на целите на правилниот начин.

Извор: VentureBeat, MSDN Blog

Претходна статијаНеколку промени од Facebook изминатиот период
Следна статијаMicrosoft во соработка со Volvo за револуционерна автомобилска технологија