Најбројната држава во светот можеби е и најзагадена во овој момент, но од друга страна го превзема водството во производство на електрична енергија од соларни извори. Кина се бори против загаденоста, но и против климатските промени воопшто, преку градење на огромни капацитети на обновливи извори на енергија. Со додавање на новите 34,54 гигавати сега стигнаа до бројка од огромни 77,42 гигавати енергија.

Енергетската администрација во земјата објави дека во 2016 година капацитетот е зголемен повеќе од двојно. Провинциите каде што се зголемени капацитетите се Shandong, Henan, и Xinjiang. Сепак за голема и бројна држава како Кина, дури и рекордни бројки како овие не се доволни бидејќи покриваат само мал процент од потребните количини. На пример, во 2016 година од соларна енергија се добиени 66,2 милијарди киловат часови, што е околу еден процент од вкупното производство. Моментално во Кина се произведуваат 11 проценти електрична енергија која не се добива од фосилни горива, што е многу малку споредено со некои други држави во светот.

Токму затоа не застануваат тука, со вложување на преку 360 милијарди долари Кина планира овој процент да го зголеми на 20 до 2030 година. Овие пари планираат да ги вложат не само во соларна енергија, туку и во ветерници, хидроцентрали, нуклеарна енергија итн. Луѓето во најбројната држава во светот се надеваат дека конечно се гледа крајот на преголемата загаденост во која живеат, особено во најголемите градови. Од друга страна, вложувањето на толку големи средства ќе влијае позитивно и на економијата во земјата, преку отворање на нови 13 милиони работни места.

Извор: Inhabitat, Engadget

Претходна статијаТурбини на ветер монтирани на улични светилки
Следна статијаНовите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.