Турбините на ветер коишто произведуваат електрична енергија отсекогаш биле поставувани на посебни места и области коишто се нарекуваат паркови или фарми, и коишто обично се настрана од градовите. Но што ако постои и друг начин овие турбини да се користат дури и во градските средини, без притоа да бидат значително забележливи.

Соработка помеѓу IT компанија и green technology компанија вродува со многу иновативен производ. Станува збор за мини турбини на ветер кои што се поставуваат на улични светилки, на автопати или во градски средини.

NVT Group во соработка со Own Energy Solutions стојат зад овој проект. Тие планираат да креираат 25 работни места за почеток, и се надеваат на околу 300 во период од три години. Резултатот се очекува да биде електрична енергија добиена од ветер која ќе оди директно во националната мрежа за електрична енергија. Според овие две компании, секоја ваква турбина поставена на улична светилка може до намалено ослободување на пола тон јаглеродни честички во атмосферата.

Договорот помеѓу овие две компании е со времетрање од 15 години и вреди 3,5 милиони фунти. Тој вклучува и релоцирање на Own Energy Solutions од Glasgow во капацитетите на NVT во Bellshill, North Lanarkshire.

Двете компании се согласни дека овој проект може да се претвори во огромен бизнис како во UK така и во целиот свет. Само во Обединетото Кралство има околу 10 милиони улични светилки од кои 20 проценти се поволни за монтирање на мини турбини на ветер, што само по себе е доволен факт дека станува збор за просперитетен проект.

Извор: BBC, WBNews

Претходна статијаYoga A12 е нов поевтин „2 во 1“уред на Lenovo со виртуелна тастатура
Следна статијаКина и официјално е најголемиот производител на соларна енергија