Можеби оптичките мрежи ги сметаме како веќе доволно брзи со брзини кои не може да се достигнат со моменталната опрема, но тие сепак оставаат уште простор за напредок. Ова е посебно важно со зголемувањето на податоците кои се пренесуваат, па капацитетот на мрежите не престанува да е една од поважните работи.

Научници од Јапонскиот Национален Институт за Информациски и Комуникациски Технологии поставија нов светски рекорд во брзината на пренос на податоци. Брзината која тие ја имаат постигнато изнесува 1,02 петабити во секунда, а ова е постигнато со користење на четири јадрен оптички кабел.

Ова е нешто поразлично од начинот на којшто се користат оптичките кабли денес, но добрата вест е што разликата не е суштинска, па со одредени прилагодувања, истата може да ги постигне поголеми брзини со тек на време.

Технологијата која била користена за постигнување на големата брзина вклучува и таканаречена „wavelength division multiplexing“ со што се има добиено капацитет од 20THz.

Подобрувањето на брзината на пренос на податоци кај оптичките мрежи не треба да се гледа повеќе од аспект на домашните корисници, туку од капацитетот на овие мрежи да прават поврзување помеѓу поголемите центри од различните земји. Големиот пренос на податоци кој е карактеристичен за денешното време, ќе продолжи да се зголемува и во иднина.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаМакедонската агенција ИДЕА ЛАБ дел од Глобалниот PROI Самит во Хрватска
Следна статијаЕко-возење за почиста средина со електричните велосипеди ADO
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.