Доколку сте во потрага по ново превозно средство со кое значително ќе заштедите на вашето секојдневно патување и движење низ градот, електричните велосипеди ADO се вистинското практично решение

ADO D30C – Електричен велосипед со елегантен дизајн, практичен и комфорен за секојдневно движење низ градот, на работно место и off-road.

Опремен е со мотор од 250W и со батерија од 36V 10.5 Ah која се полни за околу 5 часа и обезбедува автономија до 90km.

Дисплејот е поставен на предниот дел, поточно на рачките и нуди јасна видливост дури и на сончева светлина. На него ќе ги имате на дофат информациите за брзината (моментална, максимална и средна), изминати километри и време поминато во возење, преостаната батерија и слично. Исто така, на самиот екран е интегриран USB приклучок на кој може да го полните вашиот телефон.

Менувачот Shimano Altus со 9 брзини е со докажан квалитет, а тука би ги споменале гумите CST All Terrain од 27.5’’ кои се наменети за возење на секаков вид на површини.

ADO D30C е достапен во две бои Silver и Темно сив.

ADO A26 – Модерен и практичен за секојдневно возење низ градскиот метеж и идеално превозно средство за релаксација

Се карактеризира со мотор од 500W, батерија од 36V 12.5Ah и автономија до 70км.

Велосипедот е опремен со дисплеј S866 кој нуди јасен приказ на основните податоци за возењето како што се изминати километри и време поминато во возење, моментална брзина и слично.

Менувачот е добро познатиот Shimano што нуди можност да се изберат една од седумте брзини.

ADO A26 може да се пофали со технологија ADO G-DRIVE со чија помош велосипедот според околностите и условите ќе ја адаптира распределбата на енергија. Сертификатот IPX5 само ја докажува практичноста на велосипедот при различни временски услови.

Промо код: ADO3000

Претходна статијаЈапонски научници поставија нов рекорд во брзина на пренос на податоци преку оптичка мрежа
Следна статија„Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ во земјава