screenshot-www.youtube.com 2014-12-27 19-12-24

Како што најавивме и претходно, заедно со генералниот развиток на технологијата следува и развитокот на медицината. Очекуваната револуција во нанотехнологијата и лечењето со нејзината помош е на повидок и може да се очекува да стане редовна пракса во следните две децении.

Во таа смисла, Идо Бакелет, научникот кој се има посветено на оваа гранка во медицината и лечењето, најавува дека во 2015 година ќе започнат клинички опити на луѓе кои ќе бидат третирани против рак и други болести користејќи нанороботчиња.

https://www.youtube.com/watch?v=-5KLTonB3Pg

Во основата на едниот тип на третман се наоѓаат минијатурни роботчиња кои често имаат ѕид со дебелина од една молекула и кои во себе содржат некој специфичен лек. Овој лек би можел да биде отровен за организмот ако се дозволи да тече недискриминаторски низ крвниот систем, но со помош на нанороботчињата тој ќе може да се аплицира токму каде што е потребно (на пример, на заболените клетки од рак) и направи огромна разлика во штетата која би ја предизвикал врз здравите ќелии и ткива.

На врвот од нанороботчето има т. н. „порта“ која се активира при допир со ензим или некоја порта на површината на лошите клетки и која ја отвора внатрешнината на роботот за да може лекот слободно да излезе од него. Ваквите роботи можат да бидат произведени да ослободуваат и инсулин кога е потребно во организмот за да ја помогнат функцијата на панкреасот, да доставуваат анти-воспалителни лекови на заболени ткива, да го таргетираат ХИВ вирусот, да поправаат повреди на `рбетниот столб и за многу други потреби.

https://www.youtube.com/watch?v=-5KLTonB3Pg

Инаку, Идо Бакелет е еден од оние полупознати херои кои работат на подобрување на квалитетот на животот и човековата технологија воопшто. Тој станува доктор на науки при Еврејскиот универзитет во Ерусалим и потоа се стекнува со два постдоктората на МИТ и Харвард универзитетите. Во моментов е асистент на Факултетот за животни науки и нано-центар при Бар Илан универзитетот во Израел, основач е на повеќе биотехнолошки компании и е композитор на музика за клавир и за молекули.

Извор: Next Big Future, Бар Илан универзитет

Претходна статијаИзменет рапамицин има анти-старосно и про-имунитетно дејство кај постари лица
Следна статијаKim Dotcom најави наскоро пуштање на енкриптиран сервис за разговори и видео повици