huawei_logo

5G е неофицијалното име на безжичната технологија за пренос на податоци која што треба да ја земени моменталната 4G до 2020 година. Сепак моментално најраспространета е 3G технологијата која што постепено почнува да биде заменувана со поновата LTE 4G или WiMAX технологија во поразвиените земји. Официјално наречени 4G, LTE и WiMAX целосно не го задоволуваат прифатениот стандард за максимални брзини, но сепак е договорено да може да го носат тоа име, посебно што поновите верзии од овие технологии ќе бидат според поставениот стандард.

Huawei планираат да вложат 600 милиони долари во истражување за развој на наредната генерација на безжична технологија која што моментално ја нарекуваат 5G. Истата сеуште не е влезена во организациите за стандардизирање, па нема одредено кои брзини ќе треба да ги постигнува. Од Huawei најавуваат дека максималната брзина што новата технологија очекуваат да ја постигнува е 10 Gbps за симнување на податоците.

Технологија3G4G5G
Брзина на симнување (download)7 Mbps - 56 Mbps100 Mbps - 1 Gbps10 Gbps
Брзина на качување (upload)2 Mbps - 22 Mbps50 Mbps - 500 Mbps/

Брзините во табелата се максималните брзини што технологијата би можела да ги постигне и не претставуваат реални брзини што корисниците ги постигнуваат по комерцијалното пуштање на технологијата, односно ова е теоретска брзина што би можела да се постигне доколку во идеални услови е поврзан само еден корисник.

Претходна статијаGoogle нема да дозволува инсталирање на екстензии на Chrome надвор од Chrome Web Store
Следна статијаСоработка во вистинско време додадена на веб верзијата на Office
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.