Баварскиот автомобилски гигант BMW има една невообичаена, но интересна новост за љубителите на автомобилската индустрија. Тие работат на футуристички проект кој што личи на нешто што може да се види само во научно фантастичните филмови. Тоа е новиот виртуелен екран на допир HoloActive Touch кој што, верувале или не ќе реагира на гестикулацијата на возачот дури и без физички контакт.

Инспирацијата ја добиле од AirTouch системот претставен на саемот за технологија CES. Имено и овој нов изум кој што BMW планира да го користи во иднина исто така ќе биде претставен на CES 2017 саемот за технологија. Преку овој дисплеј возачот ќе може да се информира за неколку различни работи како навигација, музика итн, и да ги контролира истите.

Од друга страна, оваа технологија се фокусира и на тоа како да му даде до знаење на возачоот дека неговата гестикулација е прифатена без тој да го тргне погледот од патот. Со ова се верува дека ќе се намали ризикот од сообраќајни несреќи во иднина. Ова се планира да се постигне преку ултрасоничен звук, звук кој што луѓето можат да го регистрираат, додека пак движењето на раката и прстите на возачот најверојатно ќе се регистрираат со помош на камера.

Како и да е, ова е се’ уште само концепт за кој што не знаеме како ќе напредува во иднина. Мора да признеме дека се’ уште делува како да е далеку од секојдневна употреба. Останува да го проследиме саемот на технологија CES кој што е пред нас, каде што BMW планира да претстави и други иновации покрај оваа.

Извор: TechCrunch, The Verge

Претходна статијаSkype Mingo за Android сега ќе може да ги замени апликациите за повици и пораки
Следна статијаПроект на годината од областа на обновливата енергија