drops-on-glass

Водоодбивни (hydrophobic) површини се една од поновите технички откритија со кои се занимава човештвото. Ваквите материјали веќе постојат во природата (на пример, лотосови листови кои лебдат на површината на водата, како и материјалите кај екстремитетите на некои гуштери кои исто така се движат на површината на водата).

Додека природните водофобични материјали се обично доста отпорни на оштетувања, тие кои што ги создава човекот засега се толку нежни и склони кон оштетување, што понекогаш е доволно само да се дувне со устата за да се растурат. На решавање на овој проблем работеле научниците од Универзитетскиот колеџ Лондон и Далиан Универзитетот од Кина, со цел да ја зголемат цврстината и робустноста на ваквите материјали како би можеле да се користат во секојдневни апликации.

Тие постигнале водофобична површина која е отпорна на оштетување од нож и брус-хартија. Дополнително, поради тоа што е водофобична таа исклучително лесно се чисти па дури и „самочисти“, во смисла дека ако се истури вода на нејзината површина, водата тркалајќи се го собира ѓубрето, бактериите и другите нечистотии автоматски и без помош, така чистејќи ја многу едноставно и евтино.

Научниците ова го постигнале преку комбинирање на нано-честички од титаниум двооксид со неколку типови на лепаци. Ова овозможило создавање на цврста површина која е одбивна на течности. Ваквиот напредок ќе придонесе кон развивање на понапредни вакви материјали кои ќе можат лесно да се исчистат или да се применат во најразлични ситуации каде е потребна водоотпорност (прозорци, стакла и каросерија на автомобили, облека, опрема за гњурење и работа во вода, антикорозивен слој итн.).

Извор: Geek, PopSci

Претходна статијаMaestro – Одлична Windows Phone email апликација
Следна статијаSpeck – Монитор за домашното воздушно загадување