Во последниве десетина години, автомобилската индустрија доживува ренесанса која не ја доживеала во целата своја историја. Едноставно, растот на процесорската моќ на компјутерите, заедно со развојот на вештачката интелигенција (машинското учење), имаат големи последици врз автомобилите, кои драматично ќе ги променат нашите животи, како на пример автомобил кој ќе може целосно автономно да вози по патиштата.

Google и Volkswagen одат еден чекор понатаму, со развој на квантен компјутер кој ќе се вградува во автомобилите, кој ќе може да прави пресметки со вештачка интелигенција и големи симулации, досега невозможни да се изведат со стандардните компјутери. На пример, ваквиот компјутер ќе може да пресмета кој е најоптималниот пат за возење преку следење на густината на сообраќајот, достапноста на станици за полнење на батериите на електричниот автомобил, достапноста на паркинг места на крајната дестинација итн.

Засега соработката меѓу двата гиганти нема реален плод, бидејќи квантните компјутери сѐ уште се во својот зачеток и не би требало да очекуваме барем уште 10 години дека воопшто ќе пристигнат на пазарот, а не па во нашите автомобили. Сепак, партнерството меѓу Google и Volkswagen сигурно ќе го забрза процесот на развојот на квантните компјутери воопшто, што е само добар знак за крајниот потрошувач и пред сѐ, за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на мобилноста.

Извор: TechCrunch, Autoblog, Engadget

Претходна статијаGoogle тестира нова апликација за споделување и менаџирање на фајлови на мобилните
Следна статијаXiaomi Mi Mix 2S ќе има засек во горниот дел на дисплејот како iPhone X