Vehicle prototype

Повеќето самоуправувачки автомобили кои што можевме да ги видиме изминатите години во главно се обични автомобили на кои што им е додаден систем развиен од конкретната компанија. Затоа кога Google го претстави нивниот целосно самоуправувачки автомобил, работите станаа поинтересни и добивме претстава што не чека во иднина.

Google својот автомобил го претстави во Мај оваа година и она што беше карактеристично за него е немањето на педали, волан и други контроли кои што се наменети за човек. Исто така, автомобилот не е направен на основа на некој постоечки модел, па тој е целосно дизајниран и развиен од страна на Google, што му дава прилично нестандарден и различен дизајн.

Во меѓувреме Google има направено повеќе прототипови од автомобилот, а дури беше и приморан да вгради привремени контроли за човек, како безбедносна мерка побарана од страна на властите во Калифорнија.

Денеска Google преку својот Google+ профил објави дека првиот целосно функционален прототип е завршен и спремен за возење, се разбира во рамките на нивните приватни улици за таа намена. Досегашните тест верзии од автомобилот не ги вклучуваа сите елементи кој што се дел од еден автомобил, како на пример светла и слично.

Овој прототип исто така вклучува привремени контроли наменети за возач од Google кој што цело време ќе биде присутен за време на неговото тестирање. Од Google планираат да почнат да го тестираат на улиците од идната година, па им порачуваат на американските граѓани дека може да очекуваат наскоро да го видат.

Извор: Google+, VB

Претходна статијаOpen Bay овозможува правење на сопствена копија на The Pirate Bay
Следна статијаCadillac ќе воведе свој видео систем на местото на традиционалните ретровизори
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.